top of page

Мултидисциплинарен Симпозиум за Обезност

Почитувани колешки и колеги,

Чест ми е да го најавам Првиот регионален симпозиум за обезност организиран од Научното здружение за обезност – ОБЕМ и Универзитетската клиника за ендокринологија, дијабетес и болести на метаболизмот Скопје, поддржан од претседателот и потпретседателот на Европската здружение за проучување на дебелината ЕАСО (EASO – European Association for Study of Obesity).

Имајќи предвид дека обезноста претставува сериозна, комплексна, хронична болест која не е само естетски проблем туку психофизичко и социјално нарушување и има директно влијание врз семејствата и државата, овој мултидисциплинарен симпозиум има за цел да ја подигне свеста за оваа состојба, за успешно справување со дебелината кое не треба да биде индивидуално, туку системско во кое истовремено треба да се инволвирани повеќе системи како здравствениот, владиниот, фондот, агенциите за храна, медиумите, како и средината во која живееме и работиме.

Поради пандемискиот раст, обезноста претставува закана за човештвото. Бројот на обезни лица во 2035 година се очекува да се удвои, т.е. 2 милијарди обезни луѓе, додека обезноста кај деца се очекува да се зголеми за 100 %. Со преку 200 коморбидитети асоцирани поради обезност, ова заболување претставува сериозна закана за здравјето на обезното лице. Навременото преземање мерки за спречување на обезноста и навремениот третман имаат за цел да ги спречат овие хронични заболувања како што се дијабетесот, кардиоваскуларните болести, ракот, депресијата, итн.

Инволвираноста на активните учесници на здравствената политика во РС Македонија, како министерот за здравство, директорот на Фондот за здравство, претседателите на научните здруженија, н обврзува во имплементацијата на заедничките заклучоци на овој симпозиум.

Голема благодарност до сите предавачи, партнери/спонзори и волонтери кои придонесоа да биде реализиран овој симпозиум.

Ви посакувам успешен престој.

Претседател на НЗО – ОБЕМ,
доц. д-р Ирфан Ахмети

Абстракт Книга

bottom of page